Претседател на државата во иднина да се избира во Собрание, е условот ДУИ да ги даде гласовите во вториот круг, доколку отпадне нивниот кандидат Бујар Османи.

Ова го изјави, Артан Груби во интервју за ТВ Сител.

„Ние имаме многу јасен став и тоа го кажа и г. Ахмети, а тоа е и во нашата програма, бараме претседател да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство плус бадентерово мнозинство што би обезбедило и општествен консензус што би можел да биде злоупотребен од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно кои можат да ги надгласаат другите заедници затоа што заедно имаат 80 пратеници.

Затоа, за да се обезбеди волјата и на другите заедници, наметнуваме решение со бадентерово мнозинство. Тоа е условот за коалицирање во вториот круг ако Османи не влезе во вториот круг, рече Груби.

Тој уште рече дека ДУИ и коалицијата „Европски фронт“ очекува да добие над 20 пратеници на парлементарвите избори.