Рецептот според кој Германците ја подготвуваат својата позната салата со компири.
Состојки:

– 3 компири
– 5 јајца
– 1/2 кромид
– лист целер
– 1/2 шолја шарен грав
-кисели краставици
-сол и бибер
– 4 ленти сланина
– 250 гр. мајонез
– 2 лажици

Начин на подготовка:

Сварете ги компирите. Откако ќе го сторите тоа измешајте ги заедно со варените јајца, кромидот, варениот грав и целерот.

Во добиената смеса додадете со мешање мајонез и сенф и зачинете со сол и бибер по вкус. На крајот со мешање додадете ги и краставиците, а по желба можете да додадете и домати. Украсете со парчиња исечкана сланина.