Функционер на Левица во нечовечки напад врз сопругата на скопски адвокат

Функционерот на Левица Горан Костовски извршил нечовечки напад врз сопругата на адвокатот Митровски кој ова го открива на Фејсбук.

Митровски деновиве покрај повеќе новинари е мета на напади од Левица во кои сега се злоупотребува и сопругата на адвокатот за која Костовски напишал дека е грда.

,,Горан Костовски мисли дека ме дира со тоа што ја навредува жена ми, била ружна. Многу јаки кадри вадат од Левица. Кутриот, Димитар вика оп и он скока. Али тоа скокање ќе се удри од глава. Која жена со самопочит ќе гласа за де*илов”, објави адвокатот.

Предходно Митровски по нападите од лидерот на Левица го повика Апасиев на дуел.

,,Како што и прогнозирав, Апашиев (Апсиев з.а.) нема му*а ништо да ми каже после синоќешниот нервен слом па го пушта ботот Горан Костовски да ми пишува дека жена ми била ружна. После се испи*ка па го избриша. Мислам што да се очекува од морониве, проѕирни се као стакло”, објави Митровски.

Предходно Митровски обвини дека Левица на овие избори одработува за власта на СДСМ и ДУИ конкретно дека му враќа услуга на Зоран Заев.

И Апасиев и Костовски вчера објавија дека на ливчето за гласање за претседател нема да гласаат за Силјановска и ќе нацртаат пе*ис.

Поврзана содржина

По Ванковска и Апасиев уште еден од раководството на Левица помага во мисијата на ДУИ да не биде избрана Силјановска

Функционер на Левица ќе ја бојкотира Силјановска или на ливчето ќе нацрта п*нис