Кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова вчера од Гевгели побара трпение од граѓаните и најави брзо излегување од агонијата во која се наоѓа семјата.

„Сите ние имаме обврска да направиме нешто за да излеземе од оваа агонија. Останете уште малку, истрпете уште малку, бидете убедени дека ништо нема да биде како досега по старо, сè ќе биде ново!“, рече Силјановска.

За актуелната власт ги упати следните зборови:

„ Овие луѓе повторно ги урнаа сите дефиниции за политиката, за нив политиката значи како побрзо да ги приграбат општите добра и да ги направат лични, затоа нема за народот и граѓаните.

Ние имаме социјалдемократи кои се меѓу најбогатите луѓе во државата.

Тие не градат самостојна и независна држава зашто самите не се самостојни и независни“, рече Силјановска.