Мухамед Зекири го напушти СДСМ и преоѓа во ДУИ, а во 2019 кажа „ДУИ е канцерот на македонското општество“!

„Поранешниот секретар на Владата Мухамед Зеќири – Муки изгледа го напушти СДСМ и премина во ДУИ и Европскиот фронт. Обезбедени се фотографии на заеднички ифтар каде што се гледа Муки со функционери на ДУИ. На Европскиот фронт му се придружуваат многу личности со политичко влијание.“објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“. Инаку, треба да се потсети на ставот на Мухамед Зеќири од февруари 2019 година кога како пратеник и потпретседател на СДСМ имаше кажано: „ДУИ е канцерот на македонското општество! Тотално се делегитимирани и како партија се наоѓаат во слободен пад!“

Како поранешен секретар на Владата Зекири со првостепена и се уште неправосилна пресуда поради злоупотреба на службената положба е осуден на 2,5 години затвор, а ќе треба да врати повеќе од 71 милион денари, односно околу 1,1 милион евра во државниот буџет.  Според обвинението, Зеќири директно склучувал договори со правни лица, кои работеле под сомнителни околности. Тој беше обвинет дека од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147 илјади евра повеќе од претходно договорените 795 илјади евра.