Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска на партијата „Има таков народ“ ѝ го врачи третиот мандат за формирање влада, но сопартијците на Слави Трифонов по неколку секунди ја вратија празната папка.

Претходно ГЕРБ на Бојко Борисов и коалицијата ПП-ДБ не можеа да се договорат за заедничка влада и ги вратија првиот и вториот мандат за формирање на кабинет.

Поради нереализираните три мандати, следуваат предвремени парламентарни избори.

Сега се очекува шефот на државата да закаже датум.

Радев најави дека од денеска започнува средби со сите потенцијални кандидати за вршител на должност премиер кој ќе ја води земјатга до новите избори.