Дали и како ќе постапат надлежните органи околу говорот на омраза и навредите на Зејнели за Македонците како „славомакедонски хиени“?!

Албанците мора да знаат дека распарчувањето на нивните етнички територии е последица на османлиското владеење и на тоа што се под опсада од славомакедонските, српските, грчките и црногорските хиени!“ – пишува д-р Џелал Зејнели од Тетово, универзитетски професор по албанологија и поранешен директор на Агенцијата за примена на законот за јазици, во своето скандалозно писание со наслов „Албанците и нивното ориентирање“, кое е е повеќе антимакедонски памфлет со недозволиви навреди на адреса на македонскиот народ, одошто е колумна. Се поставува прашање: дали и како надлежните државни органи ќе постапат во врска со овој невиден говор на омраза и етнички навреди во јавноста кон друг етникум од страна на авторот на ова писание?

Во текстот на Зејнели, пренесен од страна на информативната агенција Илирија-ИНА и други медиуми на албански јазик во Македонија, покрај другото, се изнесува и следново: „Албанците мора да му покажат на светот дека се историски и политички народ. Тие мора да го пројават својот државотворен капацитет. Тие не треба да признаваат и не треба да ценат ниедно друго национално знаме, освен своето национално албанско знаме со двоглавиот орел. Албанците не треба да признаваат ниедна друга национална химна, освен само својата албанска национална химна, која започнува со заклетвата кон албанското знаме.“