Атрактивниот дуќан на братот на Груби во центарот на Скопје се уште зјае празен (ФОТО)

Половина година или најмалку 12 илјади евра загубил член на семејството на Артан Груби со затворениот дуќан на улица Македонија.

Официјално го купил затоа што киријата му ја покачиле од од 800 на 1500 евра а сега со месеци контроверзно купениот скап дуќан на братот на Артан Груби зјае празен во центарот на Скопје додека тој плаќа кирија на старото место.

Ветон Груби, братот на вицепремиерот Артан кој дуќанот го купил од бизнисмен со нафтени деривати со кредит од 100 илјади евра а реално вреди и до половина милион евра, со месеци е празен.

,,Брат ми има бизнис во туризмот веќе 20 години и нема никаква врска со политиката. Деловниот простор на улица „Македонија“ го купил со хипотекарен кредит од 100 илјади евра на негово име од друго физичко лице, тврдеше првиот вицепремиер Артан Груби во „Само интервју“ на Канал 5 откако ВМРО-ДПМНЕ, го обвини Груби за корупција во која купил деловен простор со површина од 127 м2 кој вреди и до 500.000 евра.

Ако киријата на братот на Груби е скапа тогаш логично се поставува прашњето зошто тој вели шест месеци откако го купил дуќанот не се пресели во новиот дуќан за да заштеди или зошто не го издава атрактивниот деловен простор за кој би добивал меѓу 2 и 3 илјади евра надомест за кирија.

Според сегашните цени за 6 месеци Ветон Груби можел да си поврати и до една шестина од земениот кредит за купување на дуќанот.

Зошто братот на Груби се откажува од огромни пари иако влегол во инвестиција за да заштеди е целосно нејасно.

Единствениот логичен одговор е дека на братот на Груби до петнаесетина илјади евра кои досега ги загубил со празниот дуќан не значат ништо и тој може да ја плаќа старата локација на неговата фирма додека новата зјае празна.