Светот на работата поминува низ брза и длабинска трансформација. Таа е водена од напредувањето на технологијата која со себе ги носи автоматизацијата и дигитализацијата – анализира порталот Работник.

– Со оглед на тоа дека сме цврсто „заглавени“ во дигиталната ера, природата на професиите се менува, а со тоа се раѓа и потребата за стекнување нови вештини кои се есенцијални за да бидеме во чекор со модерната работна сила.


За да останат релевантни и компетитивни, поедниците и организациите мораат да ги прифатат концептите на преквалификација и надградба на вештините. Двата пристапи играат екстремно голема улога во отклучувањето на полниот потенцијал на иднината на работата.

Што е преквалификација, а што надградба на вештини?

Термините се слични, но преставуваат различни концепти кои ги адресираат растечките потреби на пазарот на трудот:

Преквалификација

Вклучува стекнување целосно нови вештини кои се различни од моменталните. Потребна е како одговор на променливата побарувчка на пазарот на труд, каде одредени традиционални работни позиции застаруваат, а нови се појавуваат. На пример, еден административен асистент би можел да се преквалификува за аналитичар на податоци, користејќи ги способностите за организација и решавање на проблеми.

Надградување на вештини

Надградувањето на вештините, од друга страна, вклучува проширување на постоечките вештини заради држење чекор со техношкиот напредок и барањата кои ги поставува индустријата. Им помага на поединците да останат компетентни на нивните работни места, но со подобрена ефикасност и ефективност. Пример за надградување на вештните може да биде еден графички дизајнер кој стекнува ново знаење за најновиот софтвер за дизајн, со цел да креира пософистицирани и поатрактивни визуелизации.

Фото: Freepik

Потребата од преквалификување и надградување на вештините

Брзото темпо на технолошкиот и дигиталниот напредок направија преквалификувањето и надградувањето да бидат императив за поединците и организациите. Има многу фактори коишто придонесуваат за зголемување на важноста на овие стратегии, а дел од нив се:

Автоматизирање на работни места

Автоматизацијата и вештачката интелигенција веќе започнаа да заменуваат одредени работни позиции, оставајќи ги вработените без работа. Преквалификацијата на поединците може да им овозможи да преминат на работни позции кои се отпорни на автоматизација.

Јаз во вештини

Дигиталната ера создаде голем јаз во вештините, каде побарувачката за луѓе кои владеат со технологијата го надминува „базенот“ на таленти. Преквалификацијата може да помогне да се премости овој јаз преку насочување на вработените повеќе да се ориентираат кон техничките задачи.

Доживотно учење

Во минатото, образованието и обуката се сметале за еднократна инвестиција. Сепак, во дититалната ера, учењето стана континуиран процес. Преквалификувањето и надградувањето се дел од идејата за доживотно учење, овозможувајќи им на поединците да се адаптираат на променливите работни опкружувања во текот на нивните кариери.

Зголемена продуктивност

Надградувањето на вешните може да ја зголеми продуктивноста и ефикасноста во комапнијата. Кога вработените се опремени со најновите вештини и алатки, тие можат да ги извршуваат работните задачи поефективно, а со тоа и да придонесат кон подобрување на севкупниот перформанс.

Иновативност и адаптибилност

Преквалификацијата ја негува културата на иновативноста и адапибилноста во организциите. Ги охрабрува вработените да се соочат со нови предизвици и да размислуваат креативно, што може да доведе до развивање на револуционерни решенија и услуги.

Фото: Freepik

Улогата на организациите

Организациите играат важна улога во иницирањето на преквалификација и надградување на вештините. Во продолжение неколку чекори кои можат да ги креираат за да ја подготват работната сила за иднината:

Процена на вештините

Од клучна важност е да се идентификуваат вештните кои се релевантни за идните потреби на организацијата и да се проценат сегашните нивоа на вештините на вработените. Ова ќе помогне при носењето на одлуките за тоа во кои сегменти е потребно вработениот да се преквалификува, а во кои да ги надгради вештните.

Обуки и програми за развој

Инвестирањето во опсежна обука и програми за развој може да им помогне на вработените да ги исполнат своите потреби. Овие програми можат да се спроведат во организацијата, преку надворешни обучувачи или преку онлајн платформи.

Култура на учење

Негувањето на култура на учење во организацијата преку охрабрување на вработените да бидат одговорни за нивниот професионален развој е нешто што треба да го практикуваат сите организации кои се волни да одговорат на предизвиците кои ги носи иднината. За да се постигне ова, на вработените треба да им се овозможи самостојно да учат, да учествуваат на вебинари, работилници и да бидат дел од ментроски програми.

Признанија и стимулации

Организациите треба да им одаваат признанија и да ги наградуваат вработените кои активно учествуваат во иницијативите за преквалификување и надградување на вештините. Ова ќе ги охрабри и другите да го следат нивниот пример и да креираат позитивни повратни информации.

Соработка и разновидност

Од голема важност е и да се охрабрува соработка помеѓу вработените од различни оддели и различни позадини. Ова ќе иницира размена на продуктивни идеи и вештини, што ултимативно ќе доведе до поголема иновативност и креативност.

Улогата на поединецот

Додека организациите играта голема улога, поединците, исто така, мора да преземат иницијатива за да се преквалификуваат и ги надградат своите вештини, со цел да обезбедат раст во кариерата и да бидат вработливи.

Самопроцена

Поединиците треба да се осврнат на своите сегашни вештини и да ги идентификуваат сегментите каде што е потребно подобрување. Начинот на кој можат да го направат тоа е да ги земат предвид своите интереси, силни страни и идните трендови во индустријата каде што работат додека одлучуваат кои вештини да ги научат.

Прифаќање на технологијата

За да бидат успешни во денешно време, од голема важност е поединците да бидат во тек со најновите технолошки напредувања во полето во кое работат. Потребно е да се запознаат со новите алатки и софтвери кои можат да ја зголемат нивната продуктивност и ефикасност.

Континуирано учење

На интернет можат да се најдат голем број курсеви, работилници или обуки за сертифицирање кои луѓето можат да ги искористат за постојано да учат и да се подобруваат.

Вмрежување

Добра идеја е луѓето да се вклучуваат во професионално вмрежување, за да учат од другите во нивната индустрија и да го споделуваат знаењето. Поради таа причина, важно е да посетуваат конференции, вебинари и настани кои ќе им го прошират хоризонтот.

Адаптибилност

Од голема корист е да се биде отворен кон промени и да се прифаќаат можностите за раст, дури ако тоа значи излегување од комфор зоната. Потребно е луѓето да бидат флексибилни и да се пренасочуваат секогаш кога тоа ќе биде потребно.

Вештачката интелигенција, дигитализацијата и технолошкиот напредок се реалност и веќе наголемо започнуват да стануваат дел од работните процеси. Токму поради тоа, вработените треба да бидат во тек со новите трендови и да ги користат за да останат конкурентни на пазарот на трудот – се додава во анализата.

Оргиналниот текст на Работник на следниот линк: