Зошто Спасовски не ги гони промоторите на Голема Албанија како што го гони Менкиноски за сонцето од Кутлеш (ФОТО)

Зошто министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не ги гони промоторите на Голема Албанија како што го гони адвокатот Тони Менкиноски за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш во Охрид.

Ова е прашањето кое се наметнува откако вчера во Тетово се вееше знаме на Велика Албанија на кое има и територии на Македонија.

На барање на кабинетот на Оливер Спасовски во два наврати МВР поднесе пријава за адвокатот Менкиноски за истакнување на знаме со сонцето од Кутлеш во Охрид на Видови и на 27 април.

Но за истакнување на Голема Албанија среде Тетово Спасовски не поднесува пријави до никого.

Во билтенот на МВР не е запишан инцидент од посета на косовски политичар на кој е развеано знаме на Голема Албанија што е казниво по неколку членови од Кривичниот законик и Законот за прекршоци.

Доколу Оливер Спасовски успее да го победи Стево Пендаровски во трката за кандидат за претседател тој секако нема шанси за победа но без албански гласови постои опасност воопшто да не влезе во вториот круг.

Дали Спасовски не поднесува пријава против тие што го носеле знамето на Голема Албанија на нечие барање или самиот одлучил да не го почитува законот е прашање за кое одговор треба да даде МВР.