Лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот најблизок соработник Артан Груби пред Божиќ биле и на неформална средба со Зоран Заев, се открива во интервјуто што со првиот вицепремиер го направи ИРЛ.

Груби во разговорот открива две средби кои досега беа тајна за најголемиот дел од македонската јавност едната се одржала во Струмица и за таа се молчеше две недели а втората се случила на 21 декември кога се сретнале Заев и Ковачевски.

За овие средби досега немаше информации во јавноста.

Поканата за Али Ахмети да оди во Струмица била оддамна, но поради политичките шпекулации дека Заев кумува на евентуална широка влада без присуство на ДУИ, бил доволен повод лидерот на ДУИ за прв пат во својот живот да ја посети Струмица.

„Сега брзо, на петти јануари, ден после роденденот на господинот Ахмети. Значи на 5ти јануари. Се видовме со господинот Заев како што ви кажав, разговаравме околу четири часа. Он ни беше домаќин, за прв пат господинот Ахмети отиде во Струмица да се види со господинот Заев на негова покана и разговаравме околу актуелностите. Така што и околу господинот Заев и од сите учесници на тој состанок од 21 декември, вклучително и премиерот Димитар Ковачевски сме уверени и апсолутно веруваме дека такви некои сценарија не се ниту разгледувани, не се ниту прифатливи. Ниту за господинот Заев, ниту за претседателот и премиерот на СДСМ, Ковачевски“, рече Артан Груби во поткастот „Разговор во редакција“.

Повод за состанок помеѓу Заев и Ахмети, бил состанокот кој на 21 – ви декември се одржал помеѓу поранешниот и сегашниот премиер и шпекулациите дека се кова широка влада помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ и исклучување на ДУИ од власта. Груби е убеден дека по средбата со Зоран Заев, ДУИ не го дефакторизирала актуелниот премиер Димитар Ковачевски, пишува ИРЛ.

„Не, апсолутно. Јас мислам, односно не мислам, знам дека господинот Ковачевски има целосна и апсолутна поддршка од господинот Заев и од сите структури, вклучително тука и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и другите предводници на СДСМ“, вели Груби.

Освен за шпекулациите дека се подготвува евентуално маргинализирање и праќање во опозција на ДУИ, Заев, Ахмети и Груби разговареле и како да се дојде до 80 пратеници за Уставни измени.

„Значи ние нема за што да се договараме на средбата со господинот Заев, туку разговараме за можни начини со кои што би обезбедиле најмалку 80 гласови, а идеално сите да гласаат за уставните измени и секако разговаравме за тоа како беше во 2017та и 2018та, 2019та и како е можно да се реализираат уставните измени и сега. Секако со огромен придонес овде и предводник на целиот процес е премиерот Ковачевски. Имаме идеји, имаме иницијативи, не подалеку од неделава веќе ги започнавме процесите и верувам дека јавноста ќе не поддржи целосно но ќе не поддржи и опозицијата“, објасни Груби.

Целото интервју на овој линк

https://irl.mk/ahmeti-i-grubi-na-vechera-so-zaev-pred-badnik-vo-strumica/