Зошто СДСМ и ДУИ им удрија ,,нож во грб” на Ескобар, Агелер и ЕУ – пишува Горан Момироски

Зошто Ковачевски и Ахмети им удрија ,,нож во грб” на Ескобар, Агелер и ЕУ за корупцијата како главно прашање на американската и администрација на ЕУ?

Само десетина дена откако заменикот помошник државен секретар Габриел Ескобар во Скопје порача дека патнери на САД се тие што се посветени во битката против корупција владата на Ковачевски и Ахмети направи чекор контра битката против корупцијата.

Наместо да го засилат прогонот против тие што прават корупција и да ги заостри мерките против тие што ги кршат законите владата на Ковачевски контра сите препораки што доаѓаат од САД и ЕУ ги намалува казните за корумпираните членови на владата.

,,САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на европската интеграција на НАТО и на борбата против корупцијата”, порача пред две недели заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

Дали Ескобар уште тогаш на Ковачевски му кажал дека ,,ни мајка Јана” не може да го спасува од затвор за корупција, или и без Ескобар на премиерот му станало јасно каде оди работата не можам да тврдам.

Но дека Ковачевски и неговата организирана група им е јасно дека Вашингтон веќе не може да сади тикви со криминалци и единствен спас гледаат во намалување на законските казни за корупција е јасно по предлогот кој вчера дошол во Собранието.

,,Ножот во грб” за Ескобар и Агелер е само едниот правец на судир по кој се движи владата на СДСМ и ДУИ.

Вториот нож во грб Ковачевски и Ахмети го удираат на ЕУ.

Тоа што во апликацијата од владата со Собранието во прашалникот пишува дека промената на законот е само делумно усогласена со ЕУ е голем проблем и класична злоупотреба на европското знаменце за кое Брисел веќе предупреди да не се користи за партиски цели и интереси.

Баш ме интересира како Европската комисија ќе го искоментира фактот дека една земја кандидат дава подобри услови за тие што од позиција на власт вршат корупција и се организира за вршење на кривични дела.

Дури и со непостојаноста на Брисел реакцијата е веќе позната, и на Бихаќка и во Мала Речица.

Фото: Влада на РМ