Вицепремиерот за корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски секојдневно се фали со нови членови на партијата кои наводно се приклучиле за време на ажурирањети на членските списоци.
Николовски објави дека на пример само во малото градче Пехчево СДСМ добила стотина нови членови кои биле доминантно млади.
Според Николовски причината зошто младите се приклучуваат на СДСМ е затоа што тие ги препознаваат вредностите на партијата.
Вицепремиерот пред јавноста тврди дека во градот каде живеат не повеќе од 3000 луѓе владеачката партија добила стотина нови членови кои биле млади што со оглед на старосната структура на населението во Пехчево значи дека речиси сите млади луѓе во градот станале членови на СДСМ.
Во исто време, нови членови пристапуваат во партијата ширум државата, млади, возрасни, мозаик на различни генерации.
Во Пехчево имаме 100 нови членови, доминантно млади. Тоа е новата енергија на СДСМ за нови успеси и нови промени.
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) February 7, 2021
Вицепремиерот кој на граѓаните им објаснуваше дека корупцијата не е висока како што тврди Транспаренси интернешнл туку дека граѓаните имале погрешна перцепција на фотографиите што ги постира на социјалните мрежи од непознати причини не ги прикажува новите млади членови.
Уште помалку ги прикажа стотината Пехчевци кои наводно станале партиски членови што ја отвара дилемата дали овие членови постојат само во фантазијата на Николовски или пак соочени со хибридниот режим на Заев овие млади граѓани на Пехчево се зачлениле во СДСМ но се плашат јавно да се сликаат со генсекот и вицепремиер за корупција.
На фотографиите што ги објавува Николовски претежно се прикажани постари и по некој редок помлад партиски војник но ги нема споменатите стотина доминантно млади Пехчевци.
Најчитано
Ќе даде ли Министерката оставка? https://www.expres.mk/top-makedonski-intelektualec-ja-posipa-so-pepel-carovska-video/