Пратеничката и носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 професорката Гордана Силјановска Давкова гласаше против усвојувањето на Законот за легализирање на дивоградбите.
Таа во своето образложение од собраниската говорница вели дека како професор кој цел живот предава и учи за почитување на правната држава и спроведување на правото не може да гласа за легализација на незаконски акти.
Свесна е дека има различни случаи на објекти но сепак смета дека не смеел да се донесе закон кој легализира дивоградби.
Законот според Силјановска е директен атак врз моменталното урбанистичко и просторно уредување и како феномен не е познат во меѓународното компаративно право.
Бесправно изградени објекти не можат да бидат од јавен интерес или од интерес за републиката и за локалните власти, вели Силјановска образложувајќи зошто не го поддржува законот.
Професорката Силјановска заедно со Рашела Мизрахи се единствените пратеници на опозицијата кои се спротивставиле и гласале против законот за легализација на дивоградбите.
Од власта тоа го сторија тројца пратеници од Дом, ЛДП и ДС.
Во продолжение нејзиниот говор на оваа тема