Зошто Пендаровски и Заев молчат и за името на одредот што ги нападнал бугарските војници

Покрај молкот на македонскиот државен врв за припадноста на противниците на македонските херои кои на денешен ден ги нападнале окупаторски војници на фашистичка Бугарија во Прилеп и Битола, Пендаровски, Заев, Шеќеринска и другите државни функционери што честитаат молчат и за еден друг историски факт.

Против бугарските окупатори на 11 октомври во Прилеп се кренал одредот со име Гоце Делчев кој според бугарската држава е Бугарин а според бугарската историографија во Прилеп и Куманово дошло до бугарско-бугарски вооружен конфликт.


Ниту еден од македонските функционери не го споменува сега одредот Гоце Делчев.

За среќа секогаш има некој што ќе не потсети што се случило на денешен ден.