Извори во криминалистичката полиција во МВР сугерираат новинарите да истражат зошто членовите на бугарскиот фашистички клуб Цар Борис Трети чекале цели 24 часа пред да го пријават инцидентот.
Изворот кој добро го познава случајот и има увид во собраните докази од охридската Крим техника вели дека случајот смрди на ,,местенка” со цел членови една клубот да излезат жртви по што подоцна Бугарија ќе реагира како што денеска се случи.
Пријавата за пукањето пред клубот по што два куршуми завршиле во клубот во охридската полиција е поднесена вчера во 19 часот и 12 минути а инцидентот се случил завчера во исто време од денот.
Зошто инцидентот бил пријавен едно деноноќие е нејасно и создава дилема дали пријавителите на настанот во МВР кријат детали.
Најмалку еден активист на клубот бил присутен во клубот вчера во текот на денот и тој морал да забележи дека во клубот има оштетувања од куршуми но никој не пријавил за инцидентот се до вчеравечер.
Друга дилема која се отвара од слујаот е зошто никој во Охрид не слушнал истрели иако клубот се наоѓа во центарот на градот и таму постојано минуваат луѓе.
Дали се работи за тајна операција на можните сторители меѓу кои е и бугарската тајна служба, кои користеле пиштол со придушувач или за нешто друго треба да одговорат македонските истражни органи.