„Зошто облека за 3 години мамо, јас имам полни 8“

Александра и Дејан Здравковски се родители на девојче со нарушување во растот. Како одговорни родители го следат развојот на своето дете уште од самото раѓање, особено поради тоа што нивната сега осумгодишна ќерка Деа, е родена предвреме. Родена е со само 38 цм…

Кај неа уште во четвртата година е утврдено дека треба да го зема хормонот за раст, но никогаш досега не го земала затоа што Фондот за здравствено осигурување одредил бројка од 100 деца за кои може да го обезбеди истиот… пипшува порталот „Мајка и дете“

„Ние сме одговорни родители и континуирано ја следиме состојбата на нашата ќерка и редовно одиме на Ендокринологија, кадешто е детектирано дека не ги достасува врсниците и е длабоко под утврдената скала.

Односно, наместо 125 цм колку што е нормално за осумгодишна возраст, Деа има само 101 цм, па кога одиме да ѝ купам облека, а продавачките ќе ме прашаат за која возраст ми треба, јас им велам, број 104, за три години.

Тоа е многу болно, а особено кога Деа ќе ми каже: ‘Зошто за 3 години мамо, јас имам полни 8’?

(Мајка и дете)