Обидот за убиство на девојката со која бил опседнат и самоубиството на момчето од Свети Николе кое ја потресе Македонија можело да биде спречено ако институциите, во прв ред МВР на Оливер Спасовски реагирале соодветно.
Инфлуенсерката Ина Многуфина поставува неколку прашања кои ако навреме биле одговорени од институциите немаше да има едно мртво момче и една нападната девојка.
,,Трагедијата што се случи во Свети Николе отвара многу прашања од кои најважното е зошто човекот не бил приведен за демнење?
Демнење е кривично дело и се казнува со три години затвор. Девојката не се осеќала безбедно и пријавувала неколку пати, зошто не била изречена мерка забрана за приближување?
Според изјавите тој ја следел и одел кај неа на работа за да направи селфи и да објави на мрежи. Бил опседнат со неа. Иако барала помош, тој слободно шетал и продолжил да ја демне. Тие муабети он беше фин човек, механичар, сигурно немал намера да пука, остајте ги, зошто би носел пиштол ако нема намера?
И кој тоа проценил дека опседнат лик што има пристап до оружје треба да биде на слобода? Девојката е добра, веројатно многу подолго ќе ја лечи траумата, но човекот е мртов.
Можело ли да се спречи трагедијата ако го пикнеле во некоја институција на време?
Мислам да.
Во случај да имате проблеми со демнење и не знаете што да правите, консултирајте адвокат. Доколку не можете, јавете се во Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство ќе добиете бесплатна правна помош. Реагирајте на време”, пишува инфлуенсерката која го користи хаштагот #СтопЗаНасилство