Зошто Македонија може да е ,,Гробница на ЕУ идеалите”

Блокадата од Европската унија, најпрвин од Грција, потоа од Франција а сега од Бугарија предизвикува јавна дебата која никако да утврди зошто Македонија е жртвата на двојните стандарди на Унијата.

За македонскиот активист од САД Џејсон Мико можно е Македонија да е гробница на сите што имаат идеали за ЕУ.

Вината за статусот на Македонија како гробница на идеалите на Унијата Мико ја бара и во ЕУ но и во сите што веруваат во нејзините идеали.

“Ако Македонија е „гробишта на идеалите на ЕУ“, тоа е затоа што ЕУ е лишена од „идеали“. ЕУ постојано зборува за своите „вредности“, но нема никакви доблести. Виновни се ЕУ и оние што ја обожуваат.
И не греши: тоа е обожување што тие и го даваат”, пишува Мико за долгата битка на Македонија да стане членка на ЕУ и исто толку долгото одбивање поради различни причини.