Зошто македонските медиуми го бранеа мафијашот Ѓукановиќ?

Во пост со наслов “МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ И МАФИЈАШКИОТ РЕЖИМ НА МИЛО Ѓукановиќ”, лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ ги анализира македонските медиуми кои му даваа поддршка на човекот што 3 децении апсолутистички владееше со Црна Гора.

“Со оглед на големиот број на реакции кои можеа да се видат на општествените мрежи во текот на вчерашниот изборен ден во Црна Гора во однос на известувањето на македонските медиуми се поставуваат некои прашања кои бараат сериозни одговори од креаторите на јавниот дискурс.
И не би било ништо чудно да станува збор за исклучоци, но ако се вратиме наназад и го поставиме прашањето за известувањата од политичките настани во Црна Гора во минатото, пак се поставува прашањето зошто македонските медиуми скоро едногласно известувајки за Црна Гора секогаш застануваа зад мафијашкиот режим на Мило Ѓукановиќ.
Така беше и вчера иако сите знаеја дека опозицијата оди во три колони и дека очигледно беше опозиционото расположение во црногорската јавност, па дури и тогаш кога самиот Ѓукановиќ призна дека нема мнозинство за составувањето на нова Влада, нашите медиуми известуваа спротивно”, пишува Стоиљкивиќ.

Според Стоиљковиќ поголемиот дел од нашите граѓани мораа да се информираат дури и од странските медиуми.

“Српските нели се необјективни, кои сите до еден коментирајки ги резултатите на изборите го пратија мафијашкиот режим на сметлиштето на историјата.
Дури не се потрудија да ја известат македонската јавност дека постои опозиција која би можела да го победи Мило Ђукановић, опозицијата беше просрпска, што не ја одразува вистината, иако дел од опозициониот фронт беше не просрпски, туку српски. За другите водачи на опозицијата мислам дека и самите немаат појма кои се Алекса Бечић и Модраг Лекић ѕа што се залагаат или па не дај боже за Дритан Абазовић, нели сите тие се српски четници, а Дритан е дури албански четник.
Не известија ни за оценките на ОБСЕ, “дека е замаглена границата између државата и владеачката партија”, “дека владеачката партија имала неправедна предност заради широко распространетата злоупотреба на положбата и државните ресурси како и големата медиумска покриеност”. Специјалната координаторка на ОБСЕ кажува дека владеачката партија имала директна корист од нерамноправните услови, а шефот на ограничената мисија на ОБСЕ вели дека недостатокот на независниот надзор на медиумите овозможил отворена злоупотреба на државните ресурси.
За паметни луѓе и објективна јавност достаточно точно и прецизно кажано.
Затоа сосема оправдано се поставува прашањето од каде таа наклонетост на нашите медиуми кон Мило Ђукановић и што им е тоа толку заедничко и блиско на македонските медиуми со мафијашкиот режим на Мило Ѓукановиќ”, прашува лидерот лидерот на ДПС.

Стоиљковиќ прашува дали ваквото однесување на македонските медиуми е поради нивната” апсолутно антисрпска политика која српскиот народ во Црна Гора иако е 32% од населението го дискриминира и го држи надвор од институциите на системот и во заложништво, иако тоа е спротивно со нашиот Рамковен, на пример каде 25% од Албанците управуваат со половината од државните ресурси на Македонија?

“Второ, дали е тоа можеби ударот со кој сакаше да го одземе имотот на Српската православна црква визави фрустрирачката вистината што најголемиот број на православни храмови во Македонија во кои Македонската црква чинодејствува се задужбина на српската династијата Немањиќи?
Трето, дали е тоа можеби поврзаноста на нашиот политички естаблишмент со мафијашките структури од Црна Гора, Албанија и привремените власти во Приштина во трговијата со дрога, бело робје и оружје?
Четврто, дали можеби не сте свесни дека на тој начин правите политиката на антисрпки основи да биде есенција, односто суштинска определба и на македонскиот политички естаблишмент, исто како и политиката на Ѓукановиќ, и нели Ви се чини дека сето тоа преминува во патологија?
Петто, дали некој мисли дека и понатаму може така лефтерно да се избегнува соочување со последиците од креирањето на лажниот свет во кој живееме или е време за промени во однесувањето, или и понатаму ќе важи однесувањето “за туѓи бели дворови”?
Шесто, Мило отиде, знам дека нема да можете да го прежалите последниот балкански мафијаш и диктатор, но кај ќе одите Вие, сте размислувалеза тоа, зар не? Ако не сте, е па време е?
И за крај нешто соема лично, “Путуј игумане и не мисли за манастир”, заклучува”, пишува Стоиљковиќ.