Академик Катица Ќулавкова преку серија прашања на својот профил на Фејсбук прецизно ги дијагностицира сите слабости на македонската држава.
„Зошто Македонија не е суверена и просперитетна, праведна и демократска, граѓанска држава и држава со углед и за почит?
Дали затоа што 30 години се распаѓа систематски, законито и предвидливо, преку темелни ревизии на Уставот, направени под непримерен притисок, во услови на конфликти, закани и уцени, пазарења и поткупи, за туѓи интереси?
Дали затоа што нема свој национален државен консензус и не си го штити сопствениот интерес?
Дали затоа што не си ги цени своите граѓани, нивната благосостојба, здравје и живот?
Дали затоа што тоне во безредие, во беззаконие, во хаос, во ентропија, во апсурд, суицидално, лишена од елементарно достоинство, без визија, без перспектива, приврзана патолошки за нереални цели и сомнителни вредности, за псевдоинтеграции, за ноторни илузии и очигледни геостратешки стапици?“, прашува членката на Македонската академија на науките и уметностите.