• Покрај министерот за здравство Сали од Алтернатива и премиерот Ковачевски, Магдалена Филиповска Грашкоска и Фатон Ахмети се двајцата функционери на СДСМ и ДУИ кои деновиве се меѓу најпроколнатите државни директори.

    Иако како први луѓе на Фондот за здравство Магдалена Филиповска Грашкоска и Фатон Ахмети располагаат со буџет од околу 600 милиони евра тие дозволуваат стотици здравствени осигуреници да се мачат затоа што немаат соодветни лекови иако тие или нивните родители плаќаат со години продонеси за здравство.

    Голем дел од луѓето кои не можат да дојдат до лекови кои треба да ги обезбеди Фондот се во фаза на умирање или веќе умреле затоа што без лековите тие не можат да доживеат старост.

    Оправдувањето на владата, двајцата директори и министерот Сали за ненабавување на лековите е дека тие се скапи без да размислат дека нема скап лек ако со него се спасува човечки живот.

    Магдалена Филиповска Грашкоска, од 19.04.2022 до 17.10.2022 година е В.Д. Генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Со одлука на Владата на РСМ на ден 18.10.2022 година е именувана за Генерален директор на ФЗОРСМ.

    Родена е на 10.01.1982 година во Скопје. Дипломирала во 2005 година на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет “Јустинијан Први”, отсек: правни науки, а во 2010 година магистрирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Правен факултет “Јустинијан Први” во областа на деловното право (Трговско право, Заштита на потрошувачи, Меѓународни трговски договори, Преземање на друштва, Корпоративно управување, Банкарско право, Стечајно право, Финансиски и стратегиски менаџмент, Маркетинг итн.)

    Вториот директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија е кадарот на ДУИ Фатон Ахмети.

    Фатон Ахмети, роден 1987 година, во Тетово, Република Македонија. Има завршено дипломски студии по фармација, магистерски студии по фармацевтски науки и магистерски студии по бизнис администрација – менаџмент. Во периодот 2009-2017 бил ангажиран на различни проекти во здравствениот сектор, на повеќе позиции: проект менаџер, менаџер на квалитет, менаџер на корисничка поддршка и аналитичар на работни процеси.

    Тие што најмногу ги колнат Магдалена и Фатон се болните и блиските од различни болести за кои во Македонија нема обезбедено соодветни лекови а одговорноста за тоа паѓа на двајцата директори Магдалена и Фатон кои оставаат стотици македонски граѓани да се мачат или да умрат.

    Меѓу тие што колнат се и болните од цистична фиброза кои се собраа пред Министерството за здравство за да побараат да им се дава новата, модуларна терапија трикафт, што за нив значи колку-толку пристоен живот и спас од смртта, но и да алармираат дека сега не добиваат терапија редовно и имаат многу проблеми со хоспитализацијата.

    Во земјава со оваа болест живеат околу 130 лица. Сите се главно деца и млади, бидејќи како прогресира болеста низ годините, така расте и смртноста. Лек има од новата генерација на т.н. модуларна терапија, ама таа е скапа, па државата не го набавува. Кај нас се дава главно постара терапија која само ги ублажува симптомите, но не ја лекува болеста.

    „Кога ќе прашате пациент како е да се живее со оваа болест тој ќе ви одговори- ставете ја главата во кеса и обидете се да дишете. Најголем дел од нив умираат од оштетувања на белите дробови, поради густиот секрет кој е подлога за развој на многу инфекции“, велат заболени од цистична фиброза.