Зошто Ковачевски замолкна кога го претставија како ,,северномакедонски” премиер (ВИДЕО)

Зошто премиерот Димитар Ковачевски замолкна кога на отворен јавен настан беше претставен како ,,северномакедонски” премиер?

Серџо Кантоне, уреднички координатор на медиумот Euronews наместо како македонски премиерот Ковачевски го претстави како ,,северномакедонски” а тој не се побуни ниту вознемири.

Инцидентот за кој Ковачевски воопшто не реагираше се случи во Братислава на безбедносната конференција Глобсек на која Ковачевски учествуваше на дебата со албанскиот премиер Еди Рама.

Според официјалниот протокол на МНР и владата придавката северномакедонски не смее да се користи при именување на македонски ентитети од било кој вид.

Иако Кантоне го употреби навредливиот назив северномакедонски за Ковачевски, македонскиот премиер кој во тој момент влегува во салата не реагира на директната навреда на македонскиот идентитет, или можеби тој не смета дека користењето на северномакедонски е погрешно.

Ковачевски влегува во славата откако беше најавен што значи дека тој преку озвучувањето го слушнал своето име и начинот на кој беше навредливо најавен.

Подоцна ниту од владата нема официјална реакција за Кантоне и организаторите на конференцијата во Братислава што укажува дека Ковачевски и власта можеби немаат проблем со негирање на македонски и се согласуваат со употреба на придавката северномакедонски.

Навредата за Ковачевски и сите Македонци околу 40 секунда од видеото.