Зошто холандската амбасада молчи за наградата на вицепремиерот Николовски

Холандската амбасада во Скопје цели 5 дена молчи за наградата што вицепремиерот Љупчо Николовски ја добил од бизнис асоцијација која според него е холандска.

“Ми претставува огромна чест и најмногу од сè, мотивација што сум одбран од Интернационалната стопанска комора од Холандија за добитник на наградата за интегритет за 2020 година.

За наградата за која Николовски се пофали дека доаѓа од Холандија 5 дена молчат и амбасадата и амбасадорот на Холандија иако токму Николовски го води заедничкиот проект против корупција со бизнис заедницата.

Во видеото во кое холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп зборува за битката со корупција, за важноста на интегритетот, за соработката со Николовски но од необјасниви причини тој не му честита за наградата.

Случајно или не амбасадорот во својата изјава зборува и за лоши примери на корупција и злоупотреби на државни позиции и вработувања на блиски роднини во администрацијата, нешто за што Николовски беше споменуван од медиумите во случај со Агенцијата за воздушна пловидба.

Да биде наградата на Николовски уште поконтроверзна се потруди и самата организација “Интернационалната стопанска комора од Холандија (ИЦЦ) која исто иако му ја додели наградата на својот сајт не објавува ништо за лауреатот, вицепремиерот со формално звање антикорупционер.

Линк до давателот на наградата ИЦЦ

https://integrity.mk/