Во МВР и во Јавното обвинителство нема пријава од страна на ЕВН за нерегуларностите со струјата од менаџментот во Градскиот трговски центар во Скопје.

Иако знаела што се случува во јавното претпријатие австриската компанија досега немала ниту јавна реакција за тоа што менаџментот на ГТЦ немал лиценца за снабдување и трговија а сепак наплаќала до 5 пати поскапа струја по киловат час од сопствениците на дуќаните во трговскиот центар.

Дали и за својот дуќан во ГТЦ фирмата ЕВН плаќала по поскапата илегална или за австријците важеле други цени треба да открие истрагата која неофицијално се најавува во Јавното обвинителство од каде постои интерес за проблемот со копање биткоини но и незаконско постапување со струјата во ГТЦ.

Денеска во јавноста се појави документ од кој се гледа дека шефот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски пред речиси две години го одбила барањето на ГТЦ за дозвола за снабдување и трговија со струја.

Огромен криминал: Бислимовски го одбил барањето на ГТЦ да снабдува и да тргува со струја (ДОКУМЕНТ)

Непоседување на дозвола за снабдување значи дека ГТЦ воопшто не смее да има трафостаница во своја сопственост и да врши конверзија од високо напонска во ниско напонска електрична енергија, велат добро упатени експерти за струја.

Ова според нив го знаеле во ЕВН и затоа е чудно што досега не се обиделе да се заштитат и себе си и пазарот со струја.

Дека АД ГТЦ има трафостаница во своја сопственост изјави директорот на ова јавно претпријатие по скандалот со копање биткоини во подрумите на ЈП.

Непоседување на дозвола за трговија со електрична енергија значи дека ГТЦ не смее да остварува профит од трговијата. Најмалку две години менаџментот на ГТЦ знае дека не смее да купува струја која ја продава со зголемена цена со цел остварување профит.

ЕВН носи струја до главната трафостаница на Градскиот трговски центар, а самиот ГТЦ потоа ја распределува електричната енергија до сопствениците и до закупците на деловен и магацински простор, објасни пред неколку дена за Плусинфо, електродистрибутерот ЕВН.

ЕВН контра МВР:Нема приватни броила во ГТЦ, се носи струја до трафостаница а потоа се дели по дуќаните

Министерството за внатрешни работи, по акцијата за откривање кражба на струја поради копање крипто валути, соопшти дека во подрумските простории на ГТЦ не се краде струја. Оттаму велат дека се извршени разговори со одговорни лица на ГТЦ и со претставници од ЕВН, при што полицијата утврдила дека за броилата за кои вели дека се во приватна сопственост, не е утврдена каква било кражба на електрична енергија.

Според информациите кои ги доби Плусинфо, компанијата ЕВН врши дистрибуција на електрична енергија до главната трафостаница, а потоа струјата се распределува до сопствениците и до закупците на деловен и магацински простор во ГТЦ, но тоа го прави акционерското друштво.

– Во конкретниот случај, ГТЦ поседува свои приватни трафостаници, а Електродистрибуција врши мерење на потрошувачка на среден напон, односно на 10кВ. Ова значи дека делот на мрежата која е во сопственост на ЕВН, уредно ја регистрира и фактурира потрошувачката на ГТЦ. Останатиот дел од мрежата, односно внатрешната инсталација, не е во сопственост и надлежност на ЕВН Македонија – велат од компанијата за Плусинфо.

Дел од медиумите објавија дека вкупно 2,4 милиони евра за три години има потрошено Градскиот трговски центар во Скопје за набавка на електрична енергија од добавувачот Енерџи Актив. Претпријатието ГТЦ за последната набавка на електрична енергија исплатила 765.000 евра, каде што цената за потрошен мегаватчас е фиксна и изнесува 3.693 денари, покажуваат податоците од договорот за јавна набавка објавен на Бирото за јавни набавки. Тоа значи дека ГТЦ од Енерџи Актив купува еден киловатчас во вредност од речиси 3,7 денари. Но, според сметките во кои имало увид Радио Слободна Европа, сопствениците на дуќаните во ГТЦ преку фактура плаќаат по 15,9 денари од потрошен киловатчас.