Зошто директорката на ДСЗИ не дава оставка за хаосот на местото на трагедијата ?

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова не чувствува морална одговорност доволна да даде оставка од својата функција откако по направените надзори не спречила присуство на цивилни лица во изгорениот ковид центар во Тетово каде изгореа 14 луѓе.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат по пожарот не почнал постапка за утврдување дали пациентите кои се лекувале во ковид-центарот во Тетово имале придружба оти, како што велат од институцијата, за тоа има строго пропишани правила по кои постапуваат кога веќе е почната истрага за настанот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, неколку пати повтори дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе направи надзор во изгорената модуларна болница во Тетово за да утврди дали пациентите имале придружба.

Но реалноста вели дека ДСЗИ само оваа година направил 15 надзори при кои неминовно утврдил присуство на цивилни лица во Ковид-болницата и не ја спречила оваа појава ниту биле казнети луѓето што го дозволиле тоа.

И покрај непобитниот факт дека во Ковид центарот во кој загинаа 14 пациенти имало немедицински персонал директорката Бухова се уште не дава оставка.

На случајот “Ковид центарот на смртта” работат тројца обвинители од ОЈО Тетово и двајца од ОЈО Скопје кои меѓу друго ќе утврдуваат и дали ДСЗИ можел да спречи хаос во Ковид центарот со навремена акција.

„ДСЗИ, како и секоја друга инспекциска служба во државава, има законски пропишани правила за иницирање на инспекциска постапка, но и законски пропишани надлежности. Во врска со трагичниот настан кој се случи на 8 септември оваа година, ДСЗИ не може да утврди фактичка состојба по изминати два дена од настанот, понатаму не постои налог од министерот за здравство за вршење вонреден надзор и последно, но и најважно, во фаза на водење на истрага од страна на Јавното обвинителство, ниту министерот ниту кој било друг орган не може да му наложи на ДСЗИ да спроведува надзор над субјект кој е предмет на кривична истрага. ДСЗИ ќе постапи и ќе ги стави на располагање сите свои стручни капацитети само врз основа на налог на Јавното обвинителство. Секоја друга активност и постапување на ДСЗИ не е дозволено согласно Законот за кривична постапка и ќе претставува попречување на истрагата која веќе ја водат надлежните органи“, велат од Инспекторатот.

Секоја стручна контрола или анализа доколку биде побарана од Јавното обвинителство или судот, од Инспекторатот велат дека ќе ја извршат во најкус можен рок.

Во текот на оваа година Инспекторатот направил повеќе од 15 редовни и вонредни надзори на работењето на тетовскиот ковид-центар, согласно Законот за инспекциски надзор. Последната контрола била направена на 13 август годинава, а за секој од надзорите од Инспекторатот велат дека се уредно изготвени записници и друга документација.

Од таму не откриваат дали има пријава против одговорните лица во болницата кои дозволиле хаос во Ковид центарот.

Како и Филипче и директорот Бесими и Бухова морала да знае дека во објектот се кршат строгите правила затоа што тоа го објавија сериозни медиуми.

Бесими и Филипче знаеле дека во тетовскиот ковид центар се кршат строгите правила (ВИДЕО)