Зошто Борисов не ја пее верзијата на „Бела чао“ од Игор Џамбазов (ВИДЕО)

За разлика од верзијата на италијанската песна „О бела чао“ на Александар Митевски и на Драган Спасов Дац која ја пееше со задоволство, бугарскиот премиер Бојко Борисов деновиве не ужива со стиховите кои врз основа на истата песна ги пее Игор Џамбазов.

Причината е едноставна.

Иако бугарските медиуми веќе ја пренесоа верзијата на Џамбазов и Борисов е информиран за неа таа во себе носи пораки кои не му одговараат на бугарскиот премиер.

Во песната Џамбазов во еден стих испраќа две пораки до Бугарија.

Првата порака во стихот: “О партиџано, тоа сме ние, вие сте тие другите” е дека Македонците во втората светска војна биле на страната на партизаните и антифашистите а дека Бугарија тогаш како држава била на другата фашистичка страна заедно со Хитлер и Мусолини.

Другата порака е дека Македонците се една засебна страна а Бугарите се посебна страна која е сосема различна од бугарската.

Во третата и четвртата порака со носење на маска преку очи Џамбазов порачува дека Бугарија е слепа за реалноста за македонската нација но и дека Борисов слабо се снаоѓа со медицинските помагала против короната.

Видеото на Џамбазов на инстаграм

https://www.instagram.com/p/CIlj1r-lQIX/?igshid=1c8rlq43zd5ko

Ни срам ни перде од човек што треба да буде понеутрален од најнеутралните

Првата антикорупционерка политички се разголи, стави лајк на погрешно место