Интересно е што Али Ахмети, Артан Груби и ДУИ со сите сили го бранат „поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ” од ВМРО-ДПМНЕ. Зелените кои сега се лажен ЕУ фронт, а во суштина се криминална банда која наскоро ќе одговара, ќе мора да објаснат на граѓаните Македонци, Албанци и останати зошто не владее правото туку партиски наредби во судовите и обвинителството, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставот на Артан Груби за неговите скапи патики.

,,Зошто гореше модуларната болница во Тетово, а со тоа изгореа невини човечки животи. Зошто се случи Дурмо турс и Беса транс каде луѓе животите ги загубија поради системот што не функционира. Зошто немаат учениците сеуште книги, а неизвесно е дали ќе добијат сведителства. Зошто здравството е во колапс и луѓе умираат по ходници во болниците итн…., Али Ахмети и Артан Груби нека продолзат да го бранат „поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ” од ВМРО-ДПМНЕ, а за рејтингот има еден начин да се провери вистината, тоа се избори, само кукавици се кријат со демагогија, вистинската проверка е на избори. Ќе ги потсетиме на последните локални избори и резултатите во Гостивар и Тетово”, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пораката од Груби кој застана во одбрана на екс премиерот Груевски и шефот на тајната служба Сашо Мијалков со кого имал средби и кога тој падна од власт.


,,Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го „пушти низ вода“ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку Гебелска пропаганда”, се пожали Артан Груби откако денеска беше објавено дека купил патики што чинат 450 евра.
Тој испрати и принтскрин дека патиките ги купил на намаление и чинеле 138 евра.

Зошто Груби ги брани Груевски и Мијалков од сегашното ВМРО-ДПМНЕ има повеќе неофицијални информации.