На насловната фотографија се премиерот Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ и сите тие имаат свој кадар за иден шеф на АНБ меѓу споменатите во текстот

Главната меѓу четирите институции кои правеле безбедносни проверки за доделување македонско државјанство на украинскиот политичар Олександар Онишченко е Агенцијата за национална безбедност позната како АНБ.

Засега е енигма како главните луѓе во АНБ не нашле ништо спорно и за човекот што се мешал во Американките избори и сакал да го урива Бајден дале позитивно мислење.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека овие институции меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност дале позитивни оценки по што конечната одлука за државјанството ја донела Владата но на откри кој конкретно е одговорен за пропустот по кој ќе мора да има политички жртви.

Во АНБ, главната институција која го проверувала човекот поврзан со Путин дури четворица клучни играчи кој се на линија со официјален Вашингтон имале врска со случајот и никој од нив не го стопирал прорускиот чин.

Сите четворица важат за луѓе кои се блиски на САД или Централната информативна агенција ЦИА.

Едниот од нив е актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски кој досега не правел ништо контра стратешкиот партнер САД. Тој засега мудро молчи за скандалот во очекување да замине во Париз.

Другите тројца се познати како кандидати за иден директор откако Димовски ќе замине за Париз како амбасадор. Иако по скандалот и тоа е спорно дали ќе се случи.

Тројцата кандидати за иден шеф на АНБ во своите активни функции имаат директна или индиректна надлежност да спречат нарушување на односи со стратешки партнери како САД а дел од нив директно соработуваат со ЦИА.

Зоран Мацкиновски е началник за стратешка соработка и има директен пристап до информациите кои можеле да спречат македонски пасош за соработникот на некогашната КГБ.

Заре Милошевски во моментов е началник на екстремизам во операции во АНБ и имал пристап до информациите за случајот.

Љупчо Мреновски е началник на контраразузнавање во операциите кои ги изведува АНБ и има директни контакти со стратешките партнери.

Речиси е невозможно дека ниту еден од погоре споменатите немале информации за случајот кој нанесува тежок срам на Македонија но на САД и ЦИА за кои се поврзуваат погоре споменатите четворица ,,безбедњаци”.

„Станува збор за предмет кој што добил позитивни оценки од четири релевантни институции во државата, на крајот се носи на Владата и Владата има дискреционо право да даде или да одбие државјанство. Не никаде нема. Меѓународната потерница не е само кај нас, кога се распишува се распишува на Интерпол и таа важи за цел свет.“, рече Спасовски.

И премиерот Ковачевски потврди дека Владата добила позитивни оценки за Онишченко од институциите, но најави дека сето ова ќе биде преиспитано.

„Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да добие државјанество. Но, сега, нормално како Влада ќе побараме испитување да видиме дали постојат и други некакви информации кои што треба да бидат земени во предвид.“, изјави Ковачевски.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ бара првиот човек на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски да му се запре постапката за назначување амбасадор во Франција, откако е дадено позитивното мислење за Онишченко, кој, е на црната листа на САД.

„Директорот на АНБ, Виктор Димовски не заслужува да биде амбасадор во Франција. Доколку МНР не ја повлече одлуката за номинирање на се уште актуелниот директор на АНБ за амбасадор во Франција, на потег ќе биде претседателот Пендаровски. Барем еднаш нека се одважи и нека не биде партиски извршител, односно нека не го потпишува Указот за лице кое и нанесува срам на Македонија.“, вели Ковачки.

Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот – ги полуди сите во регионот
Министерот Бујар Османи за ова вели дека прво треба да расветли случајот односно институциите да утврдат дали има навистина нешто спорно, па потоа ќе се одлучи дали МНР ќе преземе нешто. Сепак го повика претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски да свика седница за негово сослушување и да го преиспита Димовски за овој случај.

„Целта на тие разговори е тие прашања да се одвиваат таму каде што треба, преку институциите а не преку прес конференции. Значи имаат можност да го поканат и господинот Димовски и другиот кандидат за амбасадор и да му ги постават сите прашања за кои што тие сметаат дека се важни. Така што сметам дека е и во нивни интерес да ја свикаат оваа Комисијата, ако не ја свикаат тоа значи дека немаат никакви забелешки и тогаш ќе побарам од претседателот да потпише Указ.“, рече Османи.

За доделувањето македонско државјанство на Онишченко причината била спортски национален интерес, односно тој ја застапувал земјава и учествувал на меѓународни натпревари по коњички скокови под македонско знаме, откако во мај годинава го добил државјанството.