Една пратеничка од СДСМ (Сојуз на демократска Северна Македонија?! ) во „ Патот кон .. (пеколната смрт) на Алсат, звучеше како „дрвена“ адвокатка на Филипче и Заев.

Ја мачела дилемата: дали Владата и премиерот да и дадат приоритет на моралната и етичка одговорност, или на истрагата? Демек, ако се определат за морал и етика, ќе ја „по(с)пречат“ истрагата.

Се разбира, дилемата е вештачка и лажна. Природно е министерот и премиерот да се водат од моралот и етиката, а надлежните правосудни органи да се бават со истрага. Министрите даваат оставка во знак на елементарна објективна одговорност, а судот носи пресуди за нивната субјективна одговорност.

За оставка не треба постапка, туку соочување со себе ! Совест се има или нема, не се дава. Ако ја имате, поднесувате оставка ВЕДНАШ, а ако ја немате, ломотите за истрага и соло или во партиски и лукративен хор – пеете фалш!

Аман, запрете, ПРОЧИТАНИ и ИСВИРКАНИ СТЕ! Gone with the fire!

Гордана Силјановска Давкова