Министрите Радмила Шекеринска и Никола Димитров, како и техничкиот премиер Оливер Спасовски со по 170.000 денари лични средства се најголемите донатори во СДСМ за време на кампањата за предвремените парламентарни избори, објави Призма.

По 170.000 денари донирале и новопечените пратеници од коалицијата „Можеме“ – Моника Зајкова и Панчо Минов. Зајкова донирала на два пати по 60.000 денари и еднаш по 50.000 денари.

Најмногу од коалицијата „Можеме“ донирал лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами, кој уплатил 180.000 денари.

Името на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, го немало меѓу донаторите.

СДСМ на наменската сметка добиле донации од 71 физичко лице, но од основната сметка повлекла пари од 938 поединци-донатори.