Знаење, среќа или корупција: До пола милион евра од буџет со фирма стара 90 дена

Фирмата Друштво за трговија и услуги НОВАТЕК ИНВ ДООЕЛ Скопје стара само три месеци добила тендер од скоро пола милион за набавка на услуги за дигитализација на матичните книги со што продолжува праксата на делење на државни пари на новоформирани фирми.

За што точно станува збор?

Уште на почетокот на месец март, првиот човек за борба со корупцијата Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев на заедничка прес конференција најавија целосна дигитализација на водењето на матичните книги, како дел од Планот за борба против корупцијата.

Како што изјави тогаш Николовски преку воведување на дигитализација на водење на матичните книги во иднина ќе се намали чекањето на редови пред шалтерите за добивање на извод од матичната книга на родени, венчаните и починатите и сите потврди ќе бидат заменети со само еден извод од Централниот регистар на населението, како и дека анализите покажале дека воведување на дигитализацијата и намалување на човечкиот фактор ќе има голема улога и во намалување на корупцијата.

Анализите покажа дека подигањето на нивото на дигитализација и намалувањето на човечкиот фактор имаат голема улога во намалување на корупцијата, рече Николовски.

“И ова навидум е сосема во ред. Но, ако се земе во предвид дека државен тендер за набавка на дигитализација на матичната книга во вредност од 29.497.640 денари или 479.636 евра со вклучен ДДВ, се доделува на фирмата НОВАТЕК ИНВ која според нашите информации е формирана нецел месец пред објавување на огласот за тендерска постапка и само три месеци пред склучување на договорот се добива перцепција во јавноста дека истата е наменски формирања за добивање на државни пари, со што се крши правилото на постигнување на еднаков третман и рамноправно учество”, пишува инфомакс.

Според податоците од електронски систем за јавно набавки стои дека договорот склучен со компанијата НОВАТЕК ИНВ е единствен учесник и понудувач во тендерската постапка.

Доколку се пребара на интернет оваа компанија НОВАТЕК ИНВ нема ниту веб страна каде што може да се провери која е нејзината основа дејност, ниту пак каде е седиштето и кој всушност е основачот на фирмата.

Нејасно е како може токму новоформирана фирма која воопшто и не постои на интернет пазарот да добие тендер од скоро половина милион евра, и оттука легитимно се поставува прашањето дали единствен начинот за добивање пари е преку формирање на вакви наменски фирми кои подоцна служат единствено само за добивање на државни тендери.

Повеќе од јасно е дека постои сериозен сомнеж за однапред договорен тендер.
На кои фирми доделила државен тендер Управата за водење на матични книги?
Од јавно достапните информации на електронскиот систем за јавни набавки од почетокот на годината до денеска Управата за водење на матичните книги има склучено вкупно доделено пет државни тендери и тоа со различни фирми со вкупна вредност од 1.111. 613.

Трите фирми кои ги добиле трите најголеми тендери се токму НОВАТЕК ИНВ во вредност од 479.636 евра, потоа компанијата ИНФОСОФТ СИСТЕМС ДОО Скопје за набавка на хардверска опрема, сервер и нивна инсталација во вредност од 435.400 евра, потоа фирмата АУКТА ДООЕЛ Скоје за набавка на софтвер во вредност од 187. 805 евра.

Повеќе на овој линк