ЕСМ потпиша, а Бирото за јавни набавки, објави договор за големи зафати во ТЕЦ „Осломеј“ за кои се потребни најмногу шест месеци работа. Договорот предвидува замена на стари горилници со изработка и монтажа на нови бренери (т.е. горилници). Дали министерот Бектеши знаел за ова кога официјално соопшти дека ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде вратен на мрежа (т.е. ќе почне да произведува струја) на 1 декември?

Дали знае министерот Крешник Бектеши дека државната компанија за производство на струја ЕСМ склучи договор за монтажа на бренери (н.з. горилници) во ТЕЦ Осломеј? Ова прашање во стручната јавност се наметна вчера кога Бектеши на прес конференција ја убедуваше јавноста дека цититраме:

„Од 1 декември годинава ќе бидат ставени во функција сите производствени капацитети за електрична енергија со кои располага АД ЕСМ“.

Истиот ден со изјавата на Бектеши, надлежен министер за енергетските прашања, ЕСМ на сајт на Бирото за јавни набавки го објави договоот со скопски „Факом“ за изработка, демонтажа и монтажа на два бренери (т.е. горилници) за јаглена прашина и систем канали за секундарен воздух.

Договорот значи дека скопски „Факом“ превзема обврска да ги демонтира старите бренери и да изработи и да монтира нови горилници како и да да ги демонтира старите и да изработи нови канали за секундарен воздух и да ги монтира на местото на старите.

Ова го пишува во договорот за јавна набавка кој е достапен на веб страницата на Бирото за јавни набавки на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/0e2fd55d-415b-4e9e-b603-cb1e54d7d0cf

Вредноста на договорот со вклучен ДДВ е 1,22 милиони евра.

Конфузија создава најавата дека ТЕЦ „Осломеј“ ќе се вклучи на мрежа од идниот четврток особено затоа што истовремено е склучен договор со кој треба народски кажано „да се ремонтираат“ горилници односно деловите од системот во кои согорува јагленот со помош на дизел гориво и топлината се кроисти за загревање на водата во пареа која задвижува турбини кои произведуваат електрична енергија.

Особено тоа што членот 6 од договорот предвидува дека рокот за извршување на услугата е 6 месеци од денот кога ЕСМ ќе достави барање за активација на договорот. Рокот на договорот не може да биде подолг од 1 година од денот на потпишувањето ( а е архивиран во ЕСМ на 11 ноември 2022 година).

„Фактор“ побара објаснување за тоа дали ТЕЦ „Осломеј“ ќе почне да работи идниот четврток и како овој договор ќе влијае врз тоа. Од ЕСМ добивме кус одговор без детали и го пренесуваме во целост, а тој гласи:

Ќе работи според сегашните планови, нема да има промена.

Доколку добиеме одговор од кабинетот на министерот Бектеши ќе ги објавиме во целост пишува Фокус.мк.