Фотографијата објавена на социјалните мрежи на која се открива дека дошло до средба меѓу тројца кандидати за градоначалници на Скопје, Гостивар и Чаир открива дека независната кандидатка Данела Арсовска најверојатно ќе ја добие поддршката од Алијанса за Албанците и Алтернатива за градоначалничка на Скопје.

“Конструктивна средба со Арбен Таравари генералниот секретар на Алијанса за Албанците, доктор и актуелен градоначалник на Гостивар и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива. Разговараме за идеите и решенијата за Скопје за новата програма за градот. Заедно заклучивме дека се неопходни квалитетни и ефикасни решенија за Скопје и скопјани”, објави Арсовска која го користи хаштагот
#ДанелаЗаСкопје.

Доколку Арсовска формално и на терен ја добие поддршката од овие две партии и ВМРО-ДПМНЕ тогаш таа со кампања насочена кон реалните потреби на Скопјани реално може да победи уште во првиот круг од изборите.

На последните неколку изборни циклуси Алијанса за Албанците и Алтернатива имаат имаат најмалку 20 илјади гласови во главниот град што заедно со гласовите што вообичаено ги добива ВМРО-ДПМНЕ е доволно за заминување на Петре Шилегов.

https://www.facebook.com/103786094706664/posts/383796673372270/