Професорката Катерина Колозова ќе го тужи ,,Македонскиот Бугарин” Владо Перев за изнесени клевети и навреди во врска со неа и нејзиниот татко Ѓорѓи Колозов.

Бугарскиот активист од Македонија Перев во колумна насловена како ,,Колозова – чистата Македонка” изнесува низа спорни наводи меѓу кои и дека легендарниот Ѓорѓи Колозов инаку татко на Катерина бил од егзархиско семејство и бил близок на бугарската кауза.

Перев тврди дека своевремено Колозова барала од него помош за добивање бугарски пасош при што добила контакт кој можел да и помогне.

,,Перев, немаш врски со други амбасади – јас и ден денес сум регистрирана за “некојси Германец”, а ти никогаш никаква работа не си ми завршил и за ништо. Моето дете има германски државјанство и пасош. Долно, оговарачки, сѐ заедно мизерно. Во моментов е таа кај него и патуваат за Александрија. Правиш карикатура од нечија интима. Сѐ што си напишал има да го докажеш на суд, кајшто можеме да отвориме и документи за споменатиот преварант Бојан од кој ништо никогаш не сум добила. Се гледаме на суд, “Бугарину од Македонија.” Бтв, како стигна твој Хари во Британска амбасада, што дружба беше таа со Донев?”, пишува Колозова во реакцијата.

Во колумната објавена на сајтот Трибуна Перев кој целата своја кариера ја мина како организатор во Македонската Национална Телевизија изнесува лични доживувања за кои не дава никакви докази и зборува за интимни моменти на покоен човек.

,,Бевме десетина луѓе, сите се познававме, масата беше поставена, а главниот гостин, за кого јас воопшто не се изненадив, беше Георги Колозов. Се гледаше дека беа големи пријатели со Еков, а се испостави и дека Колозов е пријател и со Каракачанов. Впрочем, одамна се знаеше дека во фанариотското-егзархиско Богданци, од каде се Колозови, тие припаѓаат на егзархиското крило и воопшто, сите знаат дека се на страната на бугарската кауза. За нас беше јавна тајна дека Колозов имал проблеми со службата за Државна безбедност, а и до денес се знае кој бил оној негов “колега“, кој УДБ-та ја хранел со сведенија против него. Тоа беше мојата единствена приватна средба со Георги Колозов, на “Теферич“ и под менторството на Еков и којзнае уште кои други институции. Да не заборавам, до денешен ден никој не доставил информации за таа средба и што се разговарало, барем не пред македонските органи.

Поминаа години, Колозов почина, за еден ден изненада да ми се јави Катерина Колозова и да побара од мене содејствие за да извади бугарски пасош. Се сретнавме. Ми објасни дека “на семејни начела“ живее со некаков германец кој пак, наместо во Германија ќивее во Египет и се бави со нуркање за истражувачки цели во Црвеното море. Со германецот има дете, но немаат никаков пасош освен македонски и дека и на двајцата им треба бугарски пасош за да може детето да се види со таткото, кој меѓу другото, е чесен човек и коректен родител…само не сака да се жени. Се повика и на врските на нејзиниот татко и целото му семејство “со бугарите“, барајќи некаква привилегија за брза постапка. Првично и објаснив дека јас со такви работи не се занимавам, не ја знам постапката и не ме интересира, дека тоа е работа на “паспортната мафија“, но ќе ја запознаам со еден мој пријател, сега веќе покојниот Бојан Смилев кој коректно и за мал надомест ги врши тие работи. На нејзината зачуденост како тоа јас не знам, а сум извадил пасош и кажав дека пасошот го извадив во времето кога функционери во ДАБЧ беа Спас Ташев и мојот (и тој сега покоен) пријател Емил Александров и дека работата ја завршив со минимални напрегања и финансиски разноски. Ѝ дадов број на Бојан Смилев, му се јавив да биде внимателен, и со тоа заврши мојата обврска.

Потоа Бојан ми кажа дека ја почнал постапката за неа и сестра ѝ, чесно си платиле и работата тече. Подоцна Колозова ми се јави барем уште два пати, да интервенирам за побрза постапка, но јас никогаш не сум бил во возможност да ги вршам тие работи. Додуша мислам дека интервенирав кај мој пријател во ДАБЧ, ама не знам за резултатот. До денешен ден не знам дали работата воопшто се завршила…Бојан почина и немам повратна информација.

Времето го растури старото друштво. Сорос ги намали парите, со Милчин и со Џабир се среќававме во “Менада“ каде Силва пак ја држеше кафеаната, а Колозова изчезна од хоризонтот во моментот кога секнаа парите од Милчин. Сумите за проекти што и ги даваше Владе се намалија а тоа не и беше доволно. Та не се дружеше повече со него, во мегувреме нашла друга цицка за молзење! Колку за илустрација, Милчин и мене ми има дадено 200 (двесте) долари за проект заедно со Тања Битољану и ние за таа сума сме му благодарни…тоа била неговата проценка за нашата вредност, а колкава била вредноста на Колозова, тоа може да се види од документацијата на Фондацијата!”, пишува Владимир Перев во својата колумна за која ќе оди на суд ако не се извини или ја повлече.