Златев: Престанете да се рекламирате кај Саше Политико или…

Преку отворено писмо, новинарот Љупчо Златев, кој го води порталот „Лидер, ги повика бизнисмените кои се рекламираат на порталот „Мактел“ да престанат да го поддржуваат (финасираат) Саше Политико.

Златев ги обвинува дека со огласувањето на порталот тие се соучесници во навредите што ги продуцира Саше Политико, а повод за несекојдневниот ФБ статус на Златев е последниот навредлив напис на „Мактел“ во кој тема е девојката на Златев.

„…не можам да останам рамнодушен на вакви писанија кои ја повредуваат личноста со која јас градам заеднички живот. Од авторот на овој текст не очекувам никакво извинување, него не можам да го третирам како ентитет со свест.

Но, оние кои се рекламираат на неговиот сајт и со тоа плаќаат некој вака да удира по моите најблиски, ќе си имаат работа со мене“, пишува Златев на Фејсбук.

Златев, понатаму, ги наведува компаниите кои се рекламираат на „Мактел“ и на сопствениците им порачува:

„Поставувам улиматум во рок од 48 часа, сопствениците на компаниите кои се рекламираат на порталот на Саше Ивановски, лично преку меил, телефон или на средба, да ми се извинат за неговите пишувања и во истиот тој рок да ја повлечат рекламата која ја објавиле на Мактел. Во спротивно, по истекот на тие 48 часа, како што Саше се занимава со мојата парнерка, јас на мојот портал (кој има преку 2 милиони посети месечно) ќе се занимавам со вашите жени, ќерки, синови. Ќе објавувам, кој на кого му е швалер, кој каква сексуална определба има, што прави во слободно време, какви му фетишите. Ќе пишувам сѐ, а богами и ќе зачинувам“.

https://www.facebook.com/lzlatev/posts/2726468684053244