Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев смета дека палењето на културниот клуб кој носи име на фашист е граѓанска должност и на истото не може да биде осудувано.

Златев смета дека осудата на палењето на бугарскиот клуб во Битола кој го носи името на фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов е како да се осудува борбата на партизаните против фашистичките окупатори од 1941 до 1945.

,,Тоа е исто како некој да излезе и да ги осуди партизаните затоа што излегле во планина и се бореле против фашизмот.
Осудувањето на анти-фашизмот е фашизам!
Оние кои го осудуваат варварското палење на овој објект, каде беа да го осудат варварството да се отвори овој фашистички клуб?

Зошто не го осудуваат “варваризмот” кој македонскиот народ го почнал на 11 октомври 1941 со палењето на фашистичката полициска станица во Прилеп? Зошто тогаш го слават овој според истите нив варварски подвиг како државен празник”, прашува Златев според кого
реално постои голема веројатност Бугарија да го има направено и вториот варварски чин, палењето, за да има изговор за вето!

Златев смета дека за жал оваа држава покажува класично непријателство кон Македонија.