Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев пренесува информации од одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас откривајќи кој во име на владата им се заканува на присутните новинарски екипи и им го ограничува движењето на новинарите.
,,Ајде да ја направиме славна. Нејзиното име е Ирена Смилјанска, вработена е во владата а нејзината задача денеска е да цензурира новинари.
Колегите кои се кај црквата Св. Спас, ми јавуваат дека цело утро оваа личност им се заканува и им го ограничува движењето горе.
Ова утро не сум таму, како да се самопонижам да дозволам да ме цензурира некоја ваква личност која во животот има прочитано далеку помалку од тоа што јас имам напишано?”, објавува Златев.
Смиљанска е поранешна новинарка на Вест и порталот Сакам да кажам а работела и во одделот за информирање на Министерството за труд и социјална политика.
Владата вчера без да наведе причина одби да издаде акредитација за порталите Република, Пресингтв и Курир.