Ова е оценка на новинарот Љупчо Златев според кој денеска се случија две позитивни нешта:
„Позитивно е што за среќа нема да се смени уставот и никогаш нема да почне редефинирање на историјата.
Најпозитивно е што СДСМ се избриша од македонската политичка сцена и на било кои наредни избори нема да освојат власт. Тоа е најпозитивно“, пишува Златев во објава на Фејсбук.
Но, според него,негативно е тоа што денеска за жал „завршува европската интеграција на Македонија и нашата иднина ќе мораме да ја градиме како системски развиена држава надвор од ЕУ“.
Тој саркастично абележува и дека „Многу се јаки СДСМ дека обезбедиле чист македонски јазик, кога цел свет го признава чистиот македонски јазик од кога го кодифицираше Конески до денеска“!