Златановска – Попова: Младите сакаат свој бизнис, возрасните подобра работа

Во интервју со наслов „Младите заинтересирани за отворање на сопствен бизнис, повозрасните за промена на работните места“ кариерниот советник Катерина Златановска – Попова разговара со новинарот на порталот ,,Работник” Бобан Илијевски на теми поврзани со мобилноста и други трендови поврзани со работните места во Македонија.

“Се повеќе светски истражувања покажуваат дека голем број на луѓе даваат откази од своите моментални работни места. Ова се случува од две причини – синдромот на согорување (burnout) и незадоволството од страна на вработените од работните места на коишто работат. Незадоволството, впрочем, се појавува најмногу поради тоа што во ек на локдауните, работниците имаа прилика повторно да ги преиспитаат своите кариерни цели, што резултира со голем број на откази. Исто така, пандемијата „принуди“ на површина да излезат нови форми на работа, како работата на далечина (од дома) и хибридниот начин на работа (неколку денови дома, неколку во канцеларија). Се повеќе работници бараат да им се овозможи некоја од овие форми на работа, бидејќи сфатија од колкава важност е балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Порталот Работник направи едно кратко интервју со Катерина Златановска – Попова, во чија професија – Кариерен советник за развој – спаѓа и оваа проблематика. Со Златановска – Попова зборуваме за турбуленциите кои се случуваат во светот на кариерата, но на ниво на Македонија, со оглед на тоа дека премногу малку се зборува за истото во државата.

Прво ја прашав за она што би можело да се каже дека е очигледно прашање, а тоа е дали и во Македонија може да се случи луѓето да бараат промена на својата кариера, земајќи ја во предвид ситуацијата со пазарот на трудот во земјата”, пишува Илијевски во воведот на интервјуто со Златановска – Попова.

Целото интервју на овој линк

https://rabotnik.com.mk/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b2%d1%98%d1%83-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0/