ЗЈО помина на Комисија – по скратена постапка


Членовите на Комисијата за европски прашања ги разгледаа Предлог законот за Јавно обвинителство и  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, по скратена постапка, и одлучија да ги проследат во натамошна постапка, односно тие да одат на пленарна седница.

Комисијата европски не го прифати амандманот на Aлијансата на Aлбанците, со кој бараа во новиот закон за јавно обвинителство – незаконски прислушуваните материјали да се користат како докази во постапките кои се отворени по 30 јуни 2017 година.

Имаше и амандман од пратеникот Панчо Минов кој не бил уредно доставен. 

Пратеникот  од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски пушти аудио снимка од укажувач, наводно како Заев му помагал финансиски на Боки 13 за телевизијата и затоа, според Милошоски со членот 110 се правело скриена амнестија.

За законот за ЈО денеска треба да се изјасни и собраниската Законодавно-правна комисија.