„Зидојче цајтунг“ денеска пишува дека Северна Македонија ќе може да ги започне преговорите со ЕУ само доколку признае дека нејзиниот јазик е дијалект на бугарскиот, а националните херои се Бугари. 



„Земјата која, не така одамна, си го смени името, за да ги зголеми шансите за членство во ЕУ, сега се наоѓа пред уште една голема пречка. Почетокот на пристапните преговори со ЕУ на Северна Македонија ќе биде блокиран, се вели од соседна Бугарија, доколку Владата во Скопје не смени делови од својата историографија.
Бугарската влада бара од Северна Македонија да признае дека нејзиниот јазик е дијалект на бугарскиот, а не самостоен македонски јазик, како што е „вештачки“ нарекуван уште од времето на владеењето на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.

Еден национален херој на малата земја не смее повеќе да се нарекува Македонец, гласи едно од барањата на Бугарија“, пишува Зидојче цајтунг дополнувајќи дека се работи за Гоце делчев кој сега, согласно бугарското барање, треба да биде наведен како Бугарин и во македонската историографија“, пренесе Дојче Веле