„* Македонија e невеста во бел фустан, која гори од љубов кон ЕУ, но и недостасуваат 7-8 гласови, за да се ‘сврши со неа’.Но, парламентарното мнозинство на власта во овој момент нема двотретинско мнозинство, гласови на 80 пратеници, за да се усвојат уставните амандмани за внесување на Бугарите во преамбулата на уставот. На располагање се 10 дена, за да се успее да се стигне до потребната бројка на пратеници, со интензивни потези и на меѓународната заедница. Ако невестата Македонија нема да може да биде земена со љубов и да биде посвршена и венчана за љубовта на своето срце – ЕУ, тогаш таа може да биде земена и со ‘грабнување’, оти и таква традиција има на овие простори!“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа.

Покрај другото, „Журнал“ пишува: Амандманите, со кои Бугарите треба да влезат во преамбулата на Уставот, се услов за одржување на Втората меѓувладина конференција меѓу * Македонија и Европската Унија во рамки на преговорите за зачленување во Унијата. Но, парламентарното мнозинство на власта во овој момент нема двотретинско мнозинство, значи гласови на 80 пратеници, за да се усвојат уставните амандмани.

Постојат многу изјави, манифести, кои покажуваат дека сите во * Македонија ја сакаме Европската Унија, но таа љубов и натаму не се „разгорува“, бидејќи нема 7-8 гласови од пратеници, за да може невестата да се венча и да започнеме со постапката за „размена на свршеничките прстени“.

Продолжува чудната судбина на * Македонија во однос на ЕУ. Додека повеќе од 70 проценти од нејзиното срце „гори“ од љубовта кон ЕУ (толкав е бројот на граѓаните, кои го поддржуваат зачленувањето во ЕУ) пречка за официјализирањето на оваа љубов остануваат 7-8 пратеници, зависно од играта на бројки од ден на ден.

Неформалниот рок останува до ноември. Имаме на располагање 10 работни дена, за да направи и меѓународната заедница интензивни потези, со цел да се достигне потребната бројка од 80 пратеници. Аналитичарите велат дека ова ќе биде тешка, но не и неможна мисија. Традицијата во овие простори познава случаи и кога невестата не е земена со љубов, туку е земена со „грабнување“, кога од субјективни причини девојката не можела да се омажи со љубовта на своето срце!