„За сортата на професорката Мирјана Најчевска Албанците треба да им бидат аргати на Македонците, Албанците да бидат оние што ќе им купуваат бурек на Македонците во администрацијата, а не оние што можат да ја водат државата. Но, само благодарение на Албанците никогаш не беа нарушени суверенитетот, културата, јазикот и верата на овие Македонци.“ – пишува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот уреднички коментар со наслов „Зоштo на македонските академици им пречи Албанците да ја водат државата?!“
Покрај другото, „Журнал“ наведува: „Македонските ‘интелектуалци’, кои, наводно, биле умерени и за интеграција на **** Македонија во Европската Унија, кои се удираат во гради за еднакво општество за сите, повторно ги открија своето вистинско лице и омразата кон Албанците. Зошто Албанците толку и пречат на професорката по право Мирјана Најчевска?!“
„Обвинувајќи го Ковачевски, Најчевска ги омаловажи Албанците“
„Професорката Мирјана Најчевска го обвини премиерот Ковачевски дека сака да ги обедини партиите на етничките Албанци, прашувајќи го нема ли доволно Албанци на раководни позиции? Или таа бара од Албанците да бидат покомпактни, или така поставува, затоа што Албанците се помалку корумпирани од Македонците?“
„Најчевска го праша Ковачевски зошто сака да го зголеми бројот на Албанците во Владата, претворајќи ги во жртва владеењето на правото, професионализацијата на државниот апарат и независноста на судството, само за да има мнозинство во Собранието? Најчевска наведува дека не се казнуваат нималку Албанците, кои биле во Владата, или кои се блиски со раководствата на политичките партии во Владата, додавајќи дека таа не може да замисли поголема слобода за криминалот на челниците на албанските политички партии.“
„За сортата на Најчевска (има многу други како неа) Албанците треба да им бидат аргати на Македонците, Албанците да бидат оние што ќе им купуваат бурек на Македонците во администрацијата, а не оние што можат да ја водат државата. Ова дивеење на интелектуалци од нејзиниот тип оди до омраза кон Албанците, прашувајќи го премиерот Ковачевски зошто не ги казнува Албанците! Бесрамно е да се тврди дека албанските политички лидери имаат слобода да вршат криминал и оти се недопирливи. Најчевска мора да сфати дека секој мора да биде еднаков пред законот.“
„Дали демократскиот развој на Албанците и пречи на Најчевска?! Зошто Албанците не можат да имаат удел да ја развиваат демократијата и да го унапредат овој развој? Таа мора да сфати дека само благодарение на Албанците оваа земја успеа да ги заштити своите граници. Само благодарение на Албанците никогаш не беа нарушени суверенитетот, културата, јазикот и верата на овие Македонци. Сакала или не сортата на Најчевска, **** Македонија ќе биде со Албанците. Колку ќе оди напред оваа држава ќе зависи од тоа колку бргу ќе исчезне омразата кон нив.“