„Иако идејата на Макрон за создавање ‘Европска политичка заедница’ од експертите на ЕУ се смета дека е стремеж да се избегне проширувањето на ЕУ, овој предлог беше поздравен од Владата на с.Македонија. Тоа е скандалозна грешка, бидејќи не може да се чинат максимални напори да се добие датумот за почеток на преговорите со ЕУ и во исто време да се искажува согласност со предлог за создавање нова политичка организација, со која заинтересираните земји надвор од ЕУ-блокот ќе чекаат во ‘коридор’ за неопределен период.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Скандал: с.Македонија ја поддржува идејата на Макрон, која ја отстранува од ЕУ!“

„Журнал“ пишува: „Блокадата на Бугарија не е единствената пречка с.Македонија да не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Реизбраниот претседател на Франција Емануел Макрон, изнесе нов предлог во однос на земјите, кои не се членки на ЕУ, за создавање нова политичка организација, со која заинтересираните земји надвор од блокот ќе можат да чекаат во овој ‘ходник’, а ова очекување ќе биде за неопределен период. Ова сигнализира дека планот за проширување на ЕУ станува потежок, особено кога станува збор за вклучување на земјите од Западниот Балкан.“

„Од Франција се очекува да се ангажира за почеток на преговорите за членство со Албанија и с.Македонија пред да и заврши претседавањето со ЕУ, односно пред крајот на јуни. Но, неодамна Макрон неодамна се огласи со сосема поинаква идеја во однос на интегрирање на други држави во Европската унија. Тој предложи да се создаде нова политичка организација, со цел да се обединат земјите, кои ги споделуваат вредностите на ЕУ, но не се дел од блокот.“

„Зачудувачки: и покрај тоа што на идејата на Макрон од експертите на ЕУ се гледа како тенденција да се избегне проширувањето на ЕУ, овој предлог беше поздравен од с.Македонија. Тоа е скандалозна грешка, бидејќи не може да се чинат максимални напори да се добие датумот за почеток на преговорите со ЕУ и во исто време да се искажува согласност со создавањето еден ‘коридор’ за земјите, кои не се членки, да чекаат заедно.“

„Портпаролот на владата на с.Македонија Душко Арсовски рече дека предлогот на Макрон е ‘одлична можност да се обединат земјите, кои не успеале да се приклучат кон блокот, или не сакале во даден момент, со оглед на новата геополитичка ситуација’. Со оваа непромислена изјава с.Македонија го признава фактот дека уште долго време нема да биде дел од ЕУ.“

„За познавачите на политиката на Европската унија предлогот на францускиот претседател е обид да се запре проширувањето на ЕУ. Тоби Фогел, аналитичар и експерт за ЕУ и Западниот Балкан, оценува дека идејата на претседателот Макрон нема да биде поддржана од земјите од блокот. Тој вели дека Макрон преку оваа идеја го открива противењето, што го има во однос на членството на новите држави во ЕУ.“

„Јасно е дека проширувањето на ЕУ не оди никаде, сигурно не за Западниот Балкан. Една од причините за тоа е претседателот Емануел Макрон. Тој го блокираше, на пример, отворањето на преговорите за членство со с. Македонија и Албанија.’ – рече Фогел во интервју за Радио Слободна Европа.“

„Бодо Вебер, експерт за Балканот и висок соработник на Советот за политиките за демократизација во Берлин, ја гледа идејата претставена од францускиот претседател повеќе како тенденција за задушување на процесот на проширување. „Тој е подготвен да најде формат, што би го елиминирал прашањето за проширувањето на ЕУ.’ – нагласи Вебер.“

„Пречка да не се добие датум за почеток на преговорите со Северна Македонија еднаш беше Франција, а потоа Бугарија, која двапати стави вето.“ – заклучува „Журнал“ во својот коментар.