„Протестите на македонската опозиција, протестите на Сојузот на синдикатите, неуспехот во преговорите со Бугарија и останувањето на нејзиното вето, францускиот предлог, поради кој исто така протестираат дел од граѓаните, отфрлајќи го – сево ова покажува дека земјата мора да оди на предвремени избори, и покрај стравувањата на власта од изборите.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот редакциска анализа со наслов „Македонија падна во бездна’ – дали изборите се единствениот спас“

„Журнал“ пишува: „Оваа влада не е стабилна. Тоа се докажа уште од крајот на минатата година кога во секој момент постоеше опасност да падне, но еден пратеник ја спаси. Таквото спасување не гарантираше нормално функционирање. Политичката криза во земјава продолжи. Од јануари до јуни нема синдикат или работник, кој не протестирал, барајќи зголемување на платите. Државата се наоѓа во длабока економска и енергетска криза, при што цените на основните производи достигнаа врв. Со тоа животот на граѓаните се отежнува, па дури станува и неподнеслив.“

„Собранието е во активна блокада. Внатрешната политика се наоѓа во хаос. Поради неуспехот во преговорите со Бугарија спорот останува отворен и надворешната политика е на прагот да доживее уште еден неуспех поврзано со одредувањето датум за почеток на преговорите со ЕУ. Барањата за предвремени избори доаѓаат во време кога земјата е во политички ќорсокак и во длабока економска криза, па кога земјата е во безизлез, тогаш единственото решение е да се одржат предвремени парламентарни избори. Од власта велат дека предвремените избори не се решение на проблемот, но тие со ова автоматски признаваат дека има проблем и пречка во функционирањето на државата. Меѓутоа, поради клановски и партиски интереси тие не сакаат да одат на избори, бидејќи ризикуваат да доживеат пораз и да заминат во опозиција.“

„Опозицијата го гледа изборот од оваа повеќекратна криза само во одржувањето на предвремените избори, бидејќи според нив, оваа Влада, која лошо раководи, треба да замине од власта. Незадоволството изразено на прес-конференција беше преточено со практична реакција на улица, како што бара вистинското опозиционерство. Под мотото ‘Протестирам за промени – премногу е!’ на 18 јуни 2022 година протестираше најголемата македонска опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Таа ја критикува Владата, поради, како што велат, неспособноста да се справи со економско-финансиската криза, која е проследена со постојан пораст на цените и висока инфлација, со зголемување на јавниот долг и со зголемување на јавниот долг.“

„ВМРО ДПМНЕ ја критикува Владата и поради, како што велат, неефикасната и неодговорна дипломатија, која придонесува да нема формален почеток на преговорите за зачленување во ЕУ. Дека има незадоволство од оваа власт не е само протестот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, туку од вчера штрајкува целиот јавен сектор. Сојузот на синдикати на Македонија го спроведе најавениот генерален штрајк во јавниот сектор, со кој се бара линеарно зголемување на платите за 2806 денари и враќање на правото на годишен одмор.“

„Истата недела имаше уште протест пред Владата, кога граѓани го изразија своето противење кон францускиот предлог. за кој сметаат дека е спротивен на македонските национални интереси. Францускиот предлог но Врз основа на бугарските медиуми и неофицијалните изјави во двете земји, францускиот предлог ги содржи сите бугарски барања, освен во врска со македонскиот јазик. Со овој предлог се предвидува да се отстрани бугарското вето и да се отвори патот за евроинтеграција на Северна Македонија и Албанија.“

„Се плашат ли владејачките партии од предвремени избори?“

„Владејачките партии остро се спротивставуваат на барањето на опозициските партии да излезат на предвремени избори, тврдејќи дека сега не е време за тоа. Но, тие се плашат од предвремени избори, така што не прифаќаат ниту лидерска средба, за да се расправа за ова прашање. Тие одбиваат предвремени избори, можеби затоа што повеќе не ја имаат довербата од народот. СДСМ веројатно има посилна причина да стравува од изборите бидејќи на последните локални избори минатата година доживеа дебакл. Слично на тоа, и ДУИ, како најголема албанска партија и со најдолго време минато на власт, загуби во општините најнаселени со Албанци – во Тетово и Гостивар.“