„Членови на меѓународни криминални групи и на картели за дрога, луѓе што се соочуваат со проблеми во своите држави, можат многу лесно да добијат пасош и државјанство на **** Македонија, плаќајќи и до 20 илјади евра за тоа, но таков пасош и државјанство не можат да добијат и албански граѓани, иако живеат и по неколку децении во оваа земја.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал’ во својата редакциска анализа со наслов „Министерството за внатрешни работи ‘киоск’ за пасоши и државјанства за криминалци“.
„Журнал“ пишува: „Кај нас требаше да поминат три децении и многу напори додека не се донесе закон, со кој и албанските граѓани ќе можат да добијат државјанство. На прв поглед се создава впечаток дека имаме работа со земја, во која безбедноста е над нивото, но, сепак, изразот ‘опасност за државата’ важи и натаму за мајките-Албанки на возраст повеќе од 60 години. Но, не е проблем да им се обезбеди државјанство на криминалци, барани лица, на луѓе кои се соочуваат со правдата во нивните земји, на луѓе кои се санкционирани од САД и различни категории. Во **** Македонија секој може многу лесно да добие државјанство, исполнувајќи само еден критериум: ‘Да не е Албанец’.“
„Опозициската партија Алијанса за Албанците откри голем скандал на прес-конференција и го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да поднесе оставка од морални причини, по информациите дека му е дадено македонско државјанство на руски политичар, кого го бара Украина. Тој избегал и дури е на списокот на санкции на САД. Според Алијансата за Албанците, тој станал државјанин на **** Македонија.“
„Станува збор за Александар Онишченко, поранешен пратеник во парламентот на Украина. Тој побегнал во 2016 година, откако против него била отворена истрага за перење пари. Ниту една земја не му понудила правна заштита. Оттогаш Онишченко се наоѓа на списокот со наредба за апсење на Украина. Од јануари 2021 година тој е и на списокот на санкции на САД како ‘член на руската мрежа за влијание врз претседателските избори во САД во 2020 година’, со кои тој се обиде да ја саботира кампањата на претседателот Бајден.“
„Откако беше внесен на американската листа за санкции, Онишченко веднаш поднесе барање за државјанство на **** Македонија, согласно со член 11 од Законот за државјанство, кој се однесува на доделување државјанства врз основа на спортски критериуми. Онишченко е спортист во прескокнување пречки и сега ја претставува нашата земја на меѓународни натпревари. Седумнаесет месеци по пријавата на Онишченко, Владата на **** Македонија на седница на 31 мај 2022 година, тајно и без известување за оваа одлука, му додели државјанство на рускиот олигарх.“
„Лани пасоши им биле обезбедени на 215 лица, од кои 214 се странски државјани. Меѓу оние, кои добиле македонски пасоши, има и членови на меѓународни криминални групи и на картели за дрога. Тие плаќале за пасош и до 20 илјади евра. **** Македонија е држава, која не ги признава своите граѓани. Таа го докажа тоа со доцнењето предизвикано од недавањето државјанство. Илјадници граѓани, повеќето Албанци, со години одат во институциите, барајќи го своето основно право на државјанство. Тоа се лица, кои живеат во **** Македонија и немаат државјанство, затоа може слободно да се категоризираат како ‘невидливи’ лица. На секој чекор се соочуваат со проблеми, иако живеат во оваа земја, тие се нејзини даночни обврзници, но сепак немаат добиено потребен третман.“
„Алијансата за Албанците и сега владината партија Алтернатива своевремено им излегоа на помош на граѓаните без државјанства. Овие две партии, во времето кога беа во коалиција, имаа покренато иницијатива за измена на законот, со кој се обезбедува државјанството на **** Македонија. Но, долго време се блокираше работата на Парламентот се до усвојувањето на овој закон. Институциите на земјата го искажуваа својот отпор кон донесувањето на законот за снабдување на албанските граѓани со македонско државјанство, но се покажаа како ‘хуманитарци’, за да им дадат пасоши и државјанства на криминалци и на луѓе, кои имаат проблеми во нивните држави.“