Претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол, даде јавна поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

„Правда – тоа е она што му треба на вашиот народ. Правда значи независна судска власт, воспоставување на владеење на правото и безмилосна борба против корупцијата. Правда значи почитување на меѓународното право и на добрососедските односи во регионот. Правда значи мирен соживот и еднакви права за сите етнички заедници и сите групи во општеството. Само така вашата земја ќе може да оди напред на нејзиниот евроатлантски пат. Само така ќе може да привлече инвестиции, да создаде работни места и да се развива. Само така ќе може да им гарантира иднина на нејзините граѓани, особено на најмладите, за да не мора повеќе да ја напуштаат својата земја. Правда значи исто така фер, слободни и транспарентни избори. Избори кои ќе им овозможат на сите учесници да се борат подеднакво. Изборите ќе треба целосно да ги почитуваат сите меѓународни критериуми. Од тоа зависи имиџот на вашата земја. Правда, тоа е она што го ветува Гордана ако ја изберете.

И каква убава порака ќе испратите ако изберете, за првпат, жена на чело на вашата земја! – вели претседателот на Европската народна партија Дол.

Извор.„Вечер“