Живи луѓе изгореа, но не е време за оставки? А, за што е време?

Не е време за барање оставки? Живи луѓе изгореа, но не е време за оставки? А, за што е време?- прашува на Фејсбук пратеничката Дафина Стојаноска.

За аплауз за Венко во 18 часот?

За скандирање на СДСМ во 19 часот?

За величење на несудениот нобеловец во 20 часот?

Во нормални држави, а ние очигледно дека станавме сѐ, освен нормални и држава, сите инволвирани во оваа трагедија треба да понесат најпрвин морална одговорност и да си поднесат оставки. И тоа е најмалку што може да направат во овој момент.

А, за целосно разјаснување на трагедијата потребно е независна и транспарентна организација да изврши увид во модуларната болница во Тетово и да изготви извештај за причините на несреќата, затоа што сите ние знаеме дека заев им објави војна на третиот ешалон на администрацијата, така што и овој случај е многу веројатно да заврши со нивно обвинување.

Фејсбук статус на пратеничката Дафина Стојаноска