Живи фатени: Функционери на власт со државни коли на партиски митинзи, во дуќан, џамија … (ВИДЕО)

Редакцијата на 360 Степени спровела опсежно истражување за злоупотреба на државни ресурси од страна на функционери од централната и локалните власти.

Во видеото се гледаат низа функционери како злоупотребуваат службени возила за партиски и други потреби.

Објаснувањата дадени за злоупотребата се смешни но очигледно е дека функционерите не се плашат од обвинителството, антикорупциската комисија или вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Поради нејзината немоќ да се справи со арамилакот на нејзините колеги во владата Грковска дури и во владините кулоари ја нарекуваат ,,Вицепремиерка за добро игнорирање/лошо владеење”.

Видеото на 360 Степени